ВРТЕШКА ИНТЕРДИСЦИПЛИНАРНИ АКТИВНОСТИ

Секое лето, покануваме креативци од целиот свет да ни се придружат за трансформативно и колаборативно искуство. Пријави се и придружи ни се во 2025 година!

ДА СОЗДАВАМЕ

Настанот има за цел да поттикне дијалог и соработка меѓу различни области како театар, звук, фотографија, архитектура, кореографија и други, создавајќи заедница која ги поврзува професионалните, генерациските и културните граници.

ДА СЕ ДРУЖИМЕ

ВИА вклучува театарски претстави, интерактивни изложби, предавања, музички концерти и активности на отворено како планинарење, посетување на пештера, вештачко качување, јога и повеќе.

ДАЛИ СИ МУЗИЧАР, УМЕТНИК, КРЕАТИВЕЦ?

Нашата основна цел е да обединиме индивидуалци и групи од различни културни и професионални средини, создавајќи простор за поврзување, истражување, споделување и дискутирање на приказни. Те очекуваме на резиденција!

ПОЧНУВАЈЌИ ОД 2022...

ВИА е проект составен од неколку културни настани во текот на годината и еден годишен главен настан со активности кои обединуваат различни уметнички форми, генерации, култури и активности во природа.

РЕЗИДЕНЦИЈА И ФЕСТИВАЛ

Главниот настан е поделен на два дела, првиот е затворена резиденција од една недела каде уметниците се фокусираат на нивната работа и два-три дена отворен фестивал каде што креативците ја прикажуваат својата работа пред отворената публика.

ШТО МОЖЕШ ДА ОЧЕКУВАШ?

Погледни го видеото, разгледај го просторниот распоред и истражи ја програмата од 2024 година за да дознаеш сè што може да те очекува на ВИА!

ОРГАНИЗИРАНО ОД КУПОЛА

Здружението КУПОЛА од Штип е непрофитна и невладина граѓанска организација посветена на уметноста, културата, истражувањето и неформалното образование.

Во моментот, главниот проект на организацијата е „Вртешка интердисциплинарни активности – ВИА“, преку кој се нудат уникатни и интерактивни искуства за сите заинтересирани.

КАДЕ СЕ НАОЃА?

Проектот ВИА се оддржува во планинарскиот дом Вртешка на планината Плачковица, на височина од 1080 метри.

ЗАПОЗНАЈ ГО ТИМОТ

“Нашиот пристап не е насочен кон пополнување на празнините, туку кон нивно внимателно истражување. Токму таму се кријат новите перспективи – во недореченото, во прашањата без конкретен одговор. И токму од тие непознати извори ја црпиме инспирацијата за да создадеме искуства што нема да понудат конечни заклучоци, туку дополнителен простор за размислување, чувствување и осознавање.”

Дамјан
Читкушев

театарски режисер

Тамара
Малкоска

документарен фотограф

Алек
Томевски

композитор и инженер на звук

ОВОЗМОЖЕНО ОД НАШИТЕ СОРАБОТНИЦИ И ПОДДРЖУВАЧИ

Дом на млади Штип
Општина Штип
Министерство за култура
Драмски театар, Скопје
Национална опера и балет
НУЦК Ацо Шопов, Штип
Музичка академија при УГД Штип
Студио Меливора, Ниже Поле
Независен театар Златен Елец
Независен театар Штип
Неформално здружение Зборци

Контакт

[email protected]
Дамјан Читкушев 078298972
Тамара Малкоска 072260717